Почетна

„Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Сè што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината не може да ја изгаси.“

Јован 1:1-5

„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства или желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух. Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорноста на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.“

За македонските работи, Крсте Петков Мисирков

Курсеви и програма

kursevi

Се одржуваат интезивни курсеви со 3 часа дневно или 15 часа неделно. Курсевите се групни каде што бројот на студенти е 3 – 15 посетители и индивидуални курсеви. Одржуваме и тримесечни, неинтезивни курсеви со 3+3 часа неделно.

Дознај повеќе…

Цени и дати

ceni

Интензивните курсеви започнуваат во понеделник и траат 4 недели. Нудиме попусти од 10% за 20 часови, 20% попуст за 30 часови, 30% попуст за 40 часови, 40% попуст за 50 часови и 50% попуст за 60 часови.

Дознај повеќе…

Контакт

Училиште за македонски јазик за странци – Ананија

Ана Танчева
ул. Коце Металец бр: 3А/1-32
Скопје, населба Железара, општина Гази Баба

тел: 0038977445766
електронска пошта: ananija@yahoo.com
електронска пошта: ananija2015@gmail.com